РАМКИ И ОЧИЛА ЗА СОНЦЕ

ТИПОВИ РАМКИ И ОЧИЛА ЗА СОНЦЕ

СОВРШЕНА ЗАШТИТА ЗА КРИСТАЛНО ЈАСЕН ВИД!

Дали вашите очи се црвени, изгледаат уморно, или сакате најубави очила за сонце? Ексклузивната оптика Бета Оптик, сместена во срцето на градот, ви нуди целосна палета на производи за вашите очи. Тука, и невозможното станува возможно. Располагаме со широк асортиман на висока диоптрија. Не чекајте, производот можете да си го подигнете веднаш!

На располагање ви стои висококвалификуван персонал што ќе одговори на сите ваши прашања и ќе ви понуди решение што совршено одговара на вашите потреби. Не постојат две исти очи. Се грижиме за секого посебно.

Зошто контактни леќи? За кристално јасен вид. Не се изместуваат и обезбедуваат чист, природен поглед. За зголемена самодоверба- транспарентни и дискретни, не се забележуваат, а вие заборавате дека ги носите. Нема рефлексија и отсјај, не се замаглуваат. Одлични се за возење и спортување.

Во Бета Оптик ќе најдете најсовремени модели на очила за сонце. Омилениот додаток на француските трендсетерки „Chloe“, симбол на младешки и модерен дизајн, истовремено малку провокативен. Секси и култно француски. „Cartier“ со векови синоним за луксуз и шарм, и сега може да стане дел од вашата гардероба. Откријте ја новата личност во себе. „Chopard“ или безвременски очила. Силни и издржливи, а бојата и сјајот ќе останат исти како денот кога ги купивте. KENZO- шаренило на дезени и бои. Ако сте дете во душата, KENZO ќе ви обојат светот во весели тонови на шарени бонбони. Модели без рамки? „Silhouette“ очила, со суптилен дизајн, најнежните очила од челик. Природни, лесни, ќе ги носите многу години по купувањето. За оние со див дух, „TAG Heuer“ адреналинско доживување. Помина на тестот на најстрогите вкусови- возачите на формула 1, алпинистите, вљубените во риболовот, екстремните спортисти...

Шик и префинети! Направивме освежување со џет-сетерските очила за сонце „Oliver Peoples“- на Luxottica, неизоставен моден додаток на светските ѕвезди во врелите сончеви денови. Со нив, и вие ќе зачекорите на ѕвезденото небо.



Рамки и очила за сонце















  • Претплати се за нашиот Newsletter